Основни информации за проектот
- Назив на проектот: From VET School to Workplace: Transitions with Growth
- Програма: Еразмус+ KA210-VET – Мали партнерства во стручното образование и обука
- Број на проект: 2026-1-NO01-KA210-VET-000454208
- Период на реализација: 01.09.2026 – 29.02.2028
- Времетраење: 18 месеци
- Вкупен буџет: 60.000 евра
Координатор
Gand vgs, Норвешка
Партнери
- Jåttå videregående skole, Норвешка
- Střední škola gastronomie a služeb, Přerov, Чешка
- МАТА Скопје, Северна Македонија
За проектот
Проектот „From VET School to Workplace: Transitions with Growth“ има за цел да го олесни преминот на учениците од стручното образование кон практичната обука и светот на работата преку зајакнување на кариерното советување и соработката меѓу образовните институции и работодавачите.
Проектот се фокусира на предизвиците со кои се соочуваат учениците, како што се недоволната мотивација, неизвесноста при изборот на кариера, разликите меѓу очекувањата и реалноста на работното место, како и брзите промени на пазарот на трудот под влијание на новите технологии и вештачката интелигенција.
Преку меѓународна соработка, размена на искуства и развој на практични образовни ресурси, проектот ќе придонесе кон унапредување на компетенциите на кариерните советници и наставниците, како и кон подобра поддршка на учениците во развивањето на самодоверба, отпорност, флексибилност и начин на размислување насочен кон раст и развој.
Посебно внимание ќе се посвети на учениците со помалку можности и на оние што се соочуваат со социјални, економски или културни бариери.
Главни цели
- Зајакнување на компетенциите на најмалку 190 кариерни советници од Норвешка, Чешка и Северна Македонија за подобра поддршка на учениците во текот на образованието, практичната обука и преминот кон вработување.
- Развивање на вештини за отпорност, комуникација, давање повратни информации, флексибилност и начин на размислување насочен кон раст и развој.
- Поттикнување на меѓународна размена на знаења, методи и добри практики меѓу кариерните советници, училиштата, работодавачите и другите релевантни чинители.
- Развивање практичен, повеќејазичен модул за кариерно советување со активности што може директно да се применуваат во работата со учениците.
- Зајакнување на соработката меѓу образованието и пазарот на трудот и придонес кон спречување на предвременото напуштање на образованието.
Очекувани резултати
- Развиен модул Кариерно советување во пракса, со најмалку осум практични активности за поддршка на мотивацијата, отпорноста, флексибилноста и успешниот премин кон пазарот на труд.
- Подготвени повеќејазични образовни материјали достапни за кариерните советници, наставниците и другите професионалци во стручното образование.
- Реализирани две меѓународни студиски посети во Северна Македонија и Норвешка, со можности за набљудување на практиките за кариерно советување и размена на искуства.
- Организиран меѓународен настан „VET Across Generations Meet-Up„ во Северна Македонија, со учество на ученици и кариерни советници.
- Подобрени компетенции на кариерните советници и зајакната соработка меѓу училиштата, работодавачите и другите релевантни чинители.
- Дисеминација на проектните резултати до најмалку 150 дополнителни кариерни советници, наставници и други професионалци.
- Создадени отворено достапни ресурси на англиски, македонски, норвешки и чешки јазик што ќе може да се користат и по завршувањето на проектот.
