Преку танц до лидерство, резилиентност, управување со стрес и арт терапија

Информации за проектот

ИМЕ НА ПРОЕКТ: Преку танц до лидерство, резилиентност, управување со стрес и арт терапија Време за спроведување: 01.10.2024 – 31.07.2025 Бр. на проект: 2024-1-MK01-KA153-YOU-000216990 Координатор на проектот: MATA Скопје Партнери: Universe 8 Foundation – Бугарија, Türk Psikoloji Öğrencileri Çalışma Grubu (TPÖÇG) – Турција, Mission: Reconnect, z.s – Чешка, Edukacija za budućnost Praskozorje – Србија За проектот: Проектот „ Преку танц до лидерство, резилиентност, управување со стрес и арт терапија“ има за цел да ги постигне следните цели со намера подобрување на благосостојбата на младите и на оние кои работат со нив:

  • да им обезбеди алатки и методи на младинските работници кои ќе можат да ги користат за справување со стресот и анксиозноста и за превенција од прегорување;
  • да ја зголеми способноста на младинските работници да вклучат активности засновани на движење и уметност, особено танц, како алатка за подобрување на физичкото и менталното здравје, зголемување на нивната отпорност, и истовремено развивање на лидерски, тимски и комуникациски компетенции;
  • да ги зголеми компетенциите на младинските работници со нови работни практики, методи и алатки фокусирани на подобрување на менталното здравје и благосостојбата на младите, намалување на нивниот стрес и анксиозност, и поддршка на развојот на компетенциите на младинските работници;
  • да поддржи споделување на практики меѓу земјите учеснички кои се справуваат со прашањата на отпорност, управување со стрес, лидерски вештини и благосостојба во врска со користење на методи засновани на уметност и движење;
  • да создаде простор за изнаоѓање нови идеи за локални и меѓународни младински проекти и да го зголеми квалитетот на младинската работа преку конзорциумот;
  • да ги сподели научените лекции надвор од конзорциумот преку онлајн (интервјуа) и директни активности во заедниците на учесниците.

Проектот „ Преку танц до лидерство, резилиентност, управување со стрес и арт терапија“ ќе вклучи една 5 дневна меѓународна обука за професионален развој која ќе обедини 20 учесници претставници на Северна Македонија, Бугарија, Србија, Чешка и Турција. Конзорциумот планира да вклучи учесници со следните профили:

  • младински работници, едукатори и лидери кои имаат потреба од развивање на своите компетенции за да можат да дизајнираат и испорачуваат квалитетни младински активности на локално, национално и меѓународно ниво, кои се справуваат со анксиозност и стрес и придонесуваат за подобрување на менталното здравје и благосостојбата;
  • младински работници, едукатори и лидери кои имаат потреба да се запознаат со алатки и методи првенствено засновани на движење на телото (танц), користејќи арт-терапија која се смета за иновативна во контекстот на нивната работа и да ги зголемат нивните способности да ги користат овие методи во нивната работа со млади луѓе, вклучувајќи ги и оние со помалку можности;
  • оние кои имаат потреба од нови импулси кои ќе им овозможат да растат како младински работници, едукатори и лидери, да ги разберат подобро своите силни страни и оние кои треба да ги подобрат, да дискутираат за заеднички предизвици и да воспостават систем за поддршка, вклучувајќи и други младински работници, партнерства и мрежи;
  • со мотивација да работат на разоткривање на стереотипите поврзани со менталното здравје и благосостојбата на младинските работници и младите луѓе, да вклучат нови алатки и методи во својата работа и да го зголемат квалитетот на активностите што ги спроведуваат;
  • со различен спектар на искуства (од почетници до искусни младински работници, кои работат со млади повеќе од пет години);
  • со интерес за работа во интеркултурни мешани групи, способност за комуникација на англиски јазик, способност за учество во подготвителните активности и меѓународните активности и активно учество во периодот на следење и учество во организирање на локални активности;
  • на возраст од 22 години или постари.

Влијание и резултати: Влијанието и резултатите на проектот „ Преку танц до лидерство, резилиентност, управување со стрес и арт терапија “ се фокусирани на неколку нивоа. Прво, проектот има за цел да ги опреми партнер организации со нови алатки и методи кои ќе ја зголемат благосостојбата на нивните младински работници и членови на персоналот, и ќе ги зголеми нивните капацитети за справување со анксиозност и стрес кај младите, истовремено обезбедувајќи им можност за подобрување на нивната благосостојба. Дополнително, проектот ќе биде можност за членовите на конзорциумот да истражуваат иновативни алатки засновани на користење на танц и движење на телото и да ги зголемат нивните капацитети за користење на овие алатки во нивната работа со различни групи на млади, вклучувајќи ги и младите со помалку можности, како алатки за зголемување на нивната самодоверба и самопочит. Понатаму, преку користење на танцот како методологија за развој на лидерство, учесниците ќе се вклучат во динамичен процес кој поттикнува тимска работа, комуникација и адаптабилност. Преку ритмичко изразување и заедничка кореографија, индивидуите ќе научат да водат со пример, да инспирираат други и да се справуваат со предизвици со жилавост и отпорност, на тој начин создавајќи нова генерација на самоуверени лидери. Покрај влијанието врз организациите директно вклучени во конзорциумот, проектот исто така ќе има позитивно влијание врз индивидуите и организациите надвор од конзорциумот кои активно ќе учествуваат во дисеминациските активности и/или ќе бидат дел од активностите за видливост на проектот.

https://epale.ec.europa.eu/en/blog/lets-dance-against-stress

https://epale.ec.europa.eu/en/blog/integrating-dance-and-art-therapy-youth-work-creative-approach-leadership-resilience-and

Powered By EmbedPress

Scroll to Top