Основни информации за проектот

  • Назив на проектот: From VET School to Workplace: Transitions with Growth
  • Програма: Еразмус+ KA210-VET – Мали партнерства во стручното образование и обука
  • Број на проект: 2026-1-NO01-KA210-VET-000454208
  • Период на реализација: 01.09.2026 – 29.02.2028
  • Времетраење: 18 месеци
  • Вкупен буџет: 60.000 евра

Координатор

Gand vgs, Норвешка

Партнери

  • Jåttå videregående skole, Норвешка
  • Střední škola gastronomie a služeb, Přerov, Чешка
  • МАТА Скопје, Северна Македонија

 

За проектот

Проектот „From VET School to Workplace: Transitions with Growth“ има за цел да го олесни преминот на учениците од стручното образование кон практичната обука и светот на работата преку зајакнување на кариерното советување и соработката меѓу образовните институции и работодавачите.

Проектот се фокусира на предизвиците со кои се соочуваат учениците, како што се недоволната мотивација, неизвесноста при изборот на кариера, разликите меѓу очекувањата и реалноста на работното место, како и брзите промени на пазарот на трудот под влијание на новите технологии и вештачката интелигенција.

Преку меѓународна соработка, размена на искуства и развој на практични образовни ресурси, проектот ќе придонесе кон унапредување на компетенциите на кариерните советници и наставниците, како и кон подобра поддршка на учениците во развивањето на самодоверба, отпорност, флексибилност и начин на размислување насочен кон раст и развој.

Посебно внимание ќе се посвети на учениците со помалку можности и на оние што се соочуваат со социјални, економски или културни бариери.

 

Главни цели

  • Зајакнување на компетенциите на најмалку 190 кариерни советници од Норвешка, Чешка и Северна Македонија за подобра поддршка на учениците во текот на образованието, практичната обука и преминот кон вработување.
  • Развивање на вештини за отпорност, комуникација, давање повратни информации, флексибилност и начин на размислување насочен кон раст и развој.
  • Поттикнување на меѓународна размена на знаења, методи и добри практики меѓу кариерните советници, училиштата, работодавачите и другите релевантни чинители.
  • Развивање практичен, повеќејазичен модул за кариерно советување со активности што може директно да се применуваат во работата со учениците.
  • Зајакнување на соработката меѓу образованието и пазарот на трудот и придонес кон спречување на предвременото напуштање на образованието.

 

Очекувани резултати

  • Развиен модул Кариерно советување во пракса, со најмалку осум практични активности за поддршка на мотивацијата, отпорноста, флексибилноста и успешниот премин кон пазарот на труд.
  • Подготвени повеќејазични образовни материјали достапни за кариерните советници, наставниците и другите професионалци во стручното образование.
  • Реализирани две меѓународни студиски посети во Северна Македонија и Норвешка, со можности за набљудување на практиките за кариерно советување и размена на искуства.
  • Организиран меѓународен настан „VET Across Generations Meet-Up„ во Северна Македонија, со учество на ученици и кариерни советници.
  • Подобрени компетенции на кариерните советници и зајакната соработка меѓу училиштата, работодавачите и другите релевантни чинители.
  • Дисеминација на проектните резултати до најмалку 150 дополнителни кариерни советници, наставници и други професионалци.
  • Создадени отворено достапни ресурси на англиски, македонски, норвешки и чешки јазик што ќе може да се користат и по завршувањето на проектот.
Scroll to Top